Соработка со Факултет за Ликовни уметности

23.4.2024

Цементарница УСЈЕ како компанија која е силно посветена на поддршка на развојот на младите и унапредување на процесот на едукација, неодамна оствари соработка со Факултетот за Ликовни уметности при Универзитетот Св. Кирил и Методиј со донација на стиропорни блокови со различни димензии. Овие материјали ќе служат како вредни ресурси во текот на целата академска година, збогатувајќи ги различните едукативни активности во рамките на факултетот.

Тимот на УСЈЕ го посети Факултетот за ликовни уметности добивајќи увид во нивните уметнички процеси и потфати. Цементарница УСЈЕ продолжува со создавање значајни партнерства во општеството, со цврста посветеност на поддршката на образованието на младите.