Соработка со студентски организации

05.7.2017

Денес, на 5ти јули 30 студенти, членови на студентската организација БЕСТ ја посетија Цементарница УСЈЕ во рамки на академскиот дел од Летниот Академски Курс кој оваа година се организираше во Република Македонија.

Преку обиколка на производствените капацитети, тие директно се запознаа со нашиот процес на производство и контролата на квалитетот на нашите производи. Учениците на овој Академски курс имаа можност да го посетат Секторот за квалитет (лабораторија) и да бидат воведени во нашиот процес за контрола на квалитетот како на суровините, така и на финалните производи. Исто така, тие детално беа запознати со нашиот производствен процес од самиот почеток, експлоатација на суровините, преку создавањето на цементот се до неговото пакување.

Како дел од својата стратегија, Цементарница УСЈЕ секогаш е отворена за развивање и поддршка на општествено одговорни практики од областа на образованието и соработка со образовните институции.