ТИТАН Усје учествуваше на PODEX–POVEX 2026, кој се одржа на 30 и 31 октомври во Охрид, потврдувајќи ја својата посветеност на дигиталната трансформација, иновациите и оперативната извонредност.
Во рамки на панел-дискусијата „Нова ера во рударството: истражувања, дигитализација и автоматизација“, Дејан Величковски, менаџер за дигитализација, ИТ инфраструктура и безбедност во ТИТАН Усје, го претстави автономниот робот за инспекција, кој самостојно надгледува приближно 400 контролни точки во фабриката. Оваа напредна технологија овозможува предиктивно одржување, ја подобрува оперативната сигурност и ја намалува изложеноста на вработените на потенцијални ризици при работа.
Во презентацијата беа истакнати и достигнувањата на ТИТАН Усје во дигитализацијата, вклучувајќи го автономниот систем за оптимизација на производството во реално време, развиен во соработка со тимот за дигитализација на групацијата ТИТАН.
На настанот присуствуваше и Андреј Кепевски, менаџер за рудници, агрегати и минерални суровини, придонесувајќи кон размената на стручни знаења и искуства во областа на современите рударски практики.
Преку иновации, современи технологии и експертизата на своите вработени, ТИТАН Усје продолжува да ја унапредува оперативната извонредност, безбедноста при работа и одржливоста на производството.

