Титаните на Монблан

24.8.2016

Врвот Монблан, кој е и највисокиот врв во Западна Европа, се наоѓа на Алпите на границата помеѓу Италија и Франција. Гоце Серафимов, Meнаџер за набавки и алтернативни горива го искачи овој врв и на него го развиори знамето на ТИТАН. Цементарница Усје топло го поздравува овој негов подвиг и се гордее со своите вработени чиј амбициозен и спортски дух ги мотивира да тргнат во освојување на нови врвови. Да му посакаме на Гоце успех и уште многу искачени врвови! (https://www.youtube.com/watch?v=h4YPFB2tIro)