Вработените во УСЈЕ се вклучија во акција за садење дрвца

05.12.2018

На 5ти декември вработените на Цементарница УСЈЕ организираа акција за садење на дрвца. Повеќе од 50 вработени, заедно со менаџмент тимот доброволно и самоиницијативно се вклучија во оваа акција за садење дрва во дворот на нашата фабрика. Беа засадени над 1200 садници Аризонски чемпрес и багреми.

Придонесот кон заштитата на животната средина, како и подигањето на свеста за значењето на заштитата на животната средина претставуваат едни од основните вредности на нашата Компанија и суштински дел од нашата политика корпоративна општествена одговорност.