Вработените на ТИТАН Усје и оваа година учествуваа на Wizz Air Скопски маратон, покажувајќи истрајност, меѓусебна поддршка и тимски дух. Настанот ги обедини колегите околу заедничката заложба за физичка активност и здрав начин на живот. Учеството на маратонот е дел од поширокиот пристап на компанијата кон благосостојбата на вработените, во кој активниот животен стил и позитивните меѓучовечки односи придонесуваат за посилна работна заедница. ТИТАН Усје им честита на сите колеги учесници за нивната посветеност и постигнувања.

