Градинката „Весели цветови“ со претстава за најмладите во Цементарница УСЈЕ

26.12.2012

Новогодишната претстава за најмладите во Цементарница УСЈЕ оваа година беше реализирана од јавната детска градинка "Весели Цветови" во Општина Кисела Вода.

Градинката со која нашата Компанија традиционално има успешна соработка, ја одржа својата новогодишна претстава "Пештерата на баба Меца" пред околу 45 дечиња на нашите вработени и нивните родители.

Во претставата учествуваат седум воспитувачи и седум дечиња од градинката, а сценариото е напишано од музичарот од оваа градинка.

Претставата допре до срцата на сите присутни, а најмногу ги развесели дечињата.