Групацијата ТИТАН го откри новиот визуелен идентитет, во согласност со амбициите, целта и вредностите на компанијата

11.3.2024

Групацијата ТИТАН го претстави своето освежено лого, кое ја прикажува целта на Групацијата да го направи светот безбедно, одржливо и пријатно место за живеење и ја одразува нејзината Стратегија за зелен раст.

По речиси 25 години, ТИТАН го освежува своето лого, за да долови каде сме денес и каде се движи, на подинамичен, поенергичен начин и во склад со времето. Со својот амблем во форма на глобус и новата палета на бои, освеженото лого на ТИТАН ја илустрира силната посветеност на Групацијата за одржливост и транзиција кон позелени операции, производи и решенија. Презентирано со динамичен и модерен дизајн, освеженото лого го рефлектира и глобалното присуство на ТИТАН, ветувајќи дека ќе создаде вредност за сите негови чинители, жед за иновации и решителност за раст. Во исто време, останавме блиску до дизајнот на претходното лого, сè уште ја носи историјата на Групацијата.

Новата ознака „Заедно градиме подобар свет“ што го надополнува освеженото лого на ТИТАН ја поткрепува целта и мисијата на Групацијата. Оваа ознака има улога на движечка сила во нашата индустрија, жестока страст да бидеме подобри, огромен придонес во справувањето со денешните социјални и еколошки предизвици и подготвеност и способност да ги поврзе луѓето.

Во согласност со промената на логото на Групацијата, Цементарница УСЈЕ исто така ќе го освежи сопствено лого, кое ќе биде распоредено во сите операции до средината на 2025 година.