Пикник на отворено, музика, игри, детска смеа, вкусна храна, јавање коњи за најмладите и прекрасна енергија го одбележаа Семејниот ден на ТИТАН Усје.
Заедно со нашите колеги и нивните семејства создадовме ден исполнет со радост, дружење и убави спомени. Најмладите уживаа во забавните активности, игрите и јавањето коњи, додека возрасните имаа можност за опуштено дружење и заеднички семејни моменти.
Во рамките на настанот им беа доделени и јубилејни награди на нашите колеги, како признание за нивната долгогодишна посветеност, лојалност и вреден придонес во развојот на ТИТАН Усје.
Им благодариме на сите што беа дел од овој убав ден и придонесоа за создавање заеднички спомени.

