Донација за Зоолошката градина во Скопје

13.8.2010

Скопје, април 2010 година

Чувствувајќи се како одговорен граѓанин и дел од општеството во целина, во април 2010 година, Цементарница УСЈЕ АД Скопје донираше цемент во количина од 25,5 тони за реновирање, обновување и разубавување на Зоолошката градина во Скопје.
Оваа донација придонесе за подобрување на условите во Зоолошката градина во главниот град на нашата држава, што директно влијае врз квалитетот на животот на жителите во Зоолошката градина кои се миленици како на децата така и на возрасните во градот Скопје и пошироко.