Донација за Општина Кисела Вода - Фонтана во паркот на Фредерик Шопен

22.9.2010

За зацврстување на нашето силно партнерство со локалната заедница, добрососедските односи и потребите на нашата заедница, Цементарница УСЈЕ АД Скопје донираше финансиска помош за Општина Кисела Вода за изградба на фонтана во новиот „Парк на Фредерик Шопен“ како одбележување на 200 години од раѓањето на великанот Фредерик Шопен.
Освен тоа, УСЈЕ донираше и дрвца со цел збогатување на зеленилото во околината и разубавување на паркот.
Донацијата ќе придонесе кон афирмација на делото на великанот во класичната музика Фредерик Шопен со што ќе се подигне свеста за класичната музиката и културата воопшто.