Во рамките на ЕУ Твининг-проектот „Зајакнување на капацитетите за спроведување на законодавството за животна средина – MK 20 IPA EN 01 23“, на 6 мај ТИТАН Усје беше домаќин на претставници и експерти за животна средина вклучени во проектот.
Делегацијата, составена од инспектори и експерти од Северна Македонија, Шпанија и Грција, се запозна со практиките на компанијата за управување со животната средина, процесите за управување со отпад и мерките за усогласеност со законските барања. Посетата продолжи со организирана обиколка на производствените капацитети.
Со поддршката на ваквите иницијативи, ТИТАН Усје придонесува кон размената на знаења, јакнењето на институционалните капацитети и унапредувањето на одговорното и одржливо управување со животната средина.

