Новогодишна забава за најмладите!

28.12.2023

Како што се приближуваат Новогодишните празници, УСЈЕ и оваа година организираше претстава за децата на вработените од 0 до 10 години. Оваа година отидовме чекор подалеку и ја организиравме оваа претстава во соработка со локалната заедница, конкретно, претставата ја изведуваа деца од градинката Синоличка која спаѓа под локалната општина.

Ова беше одличен начин да се посвети внимание и да се поттикне позитивна работна средина и во исто време да се придонесе за целокупната добросостојба на заедницата.

Децата на вработените добија и играчки и чоколади додека учесниците од градинката добија новогодишна боенка. Градинката се збогати со нови реквизити за помалите дечиња!