ОСВОЈУВАЊЕ НА КИЛИМАНЏАРО

15.1.2018

Гоце Срафимов, Групациски менаџер за категории набавки го освои врвот Килиманџаро и на него го развиори знамето на ТИТАН. Килиманџаро е највисок планински масив во Африка. Се наоѓа во североисточна Танзанија, на границата со Кенија. Највисокиот врв се наоѓа на 5.892 метри надморска височина. Цементарница УСЈЕ топло го поздравува овој негов храбар подвиг и е горда на своите вработени чии амбиции ги водат кон освојување на нови врвови! Гоце ти посакуваме уште многу освоени врвови!

“Искачи ги највисоките врвови не за светот да те види тебе, туку за ти да го видиш светот”