Посета на средношколци во Цементарница УСЈЕ

10.2.2017

Во текот на февруари 10-тина средношколци од Средното хемиско училиште ја посетија нашата компанија. Преку обиколка на производствените капацитети, тие директно се запознаа со нашиот процес на производство и контролата на квалитетот на нашите производи. Учениците имаа можност да го посетат Секторот за квалитет и да бидат запознати со нашиот процес за контрола на квалитетот како на суровините, така и на финалните производи. Исто така, тие детално беа запознати со нашиот производствен процес од самиот почеток, експлоатација на суровините, преку создавањето на цементот до неговото пакување и продажба. Учениците при обиколката на капацитетите најмногу беа заинтересирани за нашите заложби и постигнувања во областа на безбедноста и здравјето при работа. Образованието и младите како движечка сила во општеството претставуваат едни од врвните приoритети на политиката за општествена одговорност на нашата Компанија.