Посета на ученици од Општина Кисела Вода во Цементарнциа УСЈЕ

05.4.2019

На 5 април Цеметарница УСЈЕ АД Скопје беше домаќин на организирана посета на 42 ученици од основното училиште Кузман Јосифовски Питу во Општина Кисела Вода. На почетокот на посетата на учениците им беше презентирано кратко видео за историјата на Цементарница УСЈЕ од нејзината изградба се до денес. Учениците повеќе беа заинтересирани за административниот дел од работењето на компанијата како дел од предметите за бизнис кои ги изучуваат. Откако им беше презентирано воведното видео за запознавање на фабриката, учениците имаа можност одблиску да се запознаат со фукциионирањето Секторот за финансии и Сектроот за продажба.

Овие посети кои ги организира Цементарница УСЈЕ се во согласнот со нaшата определба за поддршка на образованието и младите таленти.