Колегите од ТИТАН Усје поминаа заеднички тим-билдинг ден во кањонот Матка, надвор од секојдневните работни обврски, со цел да ги зајакнат меѓусебните врски и тимскиот дух. Програмата опфати прошетка со чамец низ кањонот, посета на пештера и заедничка вечера. Овие активности создадоа простор за разговор, подобро меѓусебно разбирање и градење односи што се основа на успешната тимска работа. Со поттикнување доверба и чувство на припадност, ТИТАН Усје продолжува да инвестира во луѓето што стојат зад заедничките успеси.

