Предновогодишна прослава во дворот на Цементарница УСЈЕ

16.12.2021

Цементарница УСЈЕ организираше предновогодишна прослава за коминикација со сите деловни партнери. Забавата беше организирана во кругот на фабриката на отворен простор кој беше украсен во духот на новогодишните празници. За забавта беше ангажиран бенд кој пушташе новогодишна и модерна музика. Гостите уживаа во храната која наликуваше на онаа од познатите европски Божиќни базари. Повеќе од 200 соработници беа присутни на забавата меѓу кои бизнис партнери, новинари, клиенти, добавувачи, претставници на невладини организации, претставници од локалната самоуправа и министерства.

Одлично поминати два часа со многу  смеа, радост и желби за уште поуспешна Нова Година.

На забавата беа испочитувани сите протоколи за заштита од ковид-19.