Стипендии за постдипломски студии на Универзитет Американ Колеџ Скопје

24.2.2022

Следејќи ја нашата определба за придонесување кон развој на младите, УСЈЕ додели три стипендии за најдобрите кандидати кои се пријавија на огласот за Стипендии за Менаџмент или МБА Меанџмент студии на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Оваа година добитници на стипендија се: Слободанска Митревска, Мартина Димовска и Горазд Србљак. Со ова УСЈЕ ја продолжува својата долгогодишна пракса за доделување на стпендии за постдипломски студии започната во 2004 година. УСЈЕ оргнизираше мала церемонија за потпишување и врачување на договорите.