Главниот извршен директор на ТИТАН Усје, г. Константинос Николау, учествуваше на IFC Day во Скопје, организиран од Меѓународната финансиска корпорација, членка на Групацијата на Светска банка.
Во своето обраќање, г. Николау ги претстави клучните приоритети на компанијата во процесот на трансформација преку декарбонизација, дигитализација и иновации.
ТИТАН Усје континуирано инвестира во намалување на јаглеродниот отпечаток, подобрување на енергетската ефикасност и примена на дигитални технологии за оптимизација на работењето. Овие активности се дел од долгорочната цел на ТИТАН за постигнување нето-нула емисии на стакленички гасови низ целиот синџир на вредност до 2050 година.
Учеството на IFC Day ја потврдува нашата посветеност на зелената транзиција, одржливиот раст и создавањето долгорочна вредност за економијата и општеството.

