ТИТАН Усје дел од конференцијата „Квалитет и компетентност 2026“

19.10.2026

ТИТАН Усје учествуваше на VII Меѓународна конференција „Квалитет и компетентност 2026“, која се одржа од 15 до 17 октомври во Охрид, во организација на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела – МАКЛАБ и Институтот за акредитација на Република Северна Македонија.

Конференцијата обедини претставници од лаборатории, компании и институции со цел размена на знаења и искуства во областа на квалитетот, компетентноста и акредитацијата на лабораториите.

Нашата инженерка за технологија на бетон и контрола на квалитет, Билјана Митревска, го презентираше трудот „Патот кон акредитација според ISO/IEC 17025 на лабораторијата за готов бетон и агрегати: предизвици и научени лекции“.

Презентацијата ги опфати искуствата на ТИТАН Усје во воспоставувањето систем за управување со квалитетот на лабораторијата согласно ISO/IEC 17025, вклучувајќи ги клучните предизвици, практичните искуства и научените лекции од процесот.

Конференцијата овозможи вредна размена на знаења, добри практики и професионално поврзување со експерти од областа на лабораториските испитувања и акредитацијата.

Учеството на ТИТАН Усје ја потврдува нашата континуирана посветеност на зајакнување на техничката експертиза, унапредување на лабораториските практики и одржување високи стандарди за квалитет и доверливост.