ТИТАН Усје го поддржа настанот Global HR Vision, организиран од KARIERA.mk во хотел „Мериот“.
Настанот обедини професионалци од областа на човечките ресурси и бизнис-заедницата, со фокус на иднината на работните места, лидерството, организациската култура и развојот на луѓето.
На настанот присуствуваше и тимот за човечки ресурси на ТИТАН Усје, кој размени искуства и стекна нови сознанија за современите HR практики.

