ТИТАН Усје беше дел од Саемот за кариера организиран од Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, кој ги поврза студентите со претставници од деловниот и индустрискиот сектор.
На нашиот штанд, студентите имаа можност да се информираат за работењето на компанијата, можностите за практикантска работа и професионален развој, како и за знаењата и вештините потребни за успешна кариера во современата индустрија.
Преку непосредни разговори со нашите колеги, младите идни професионалци добија подобар увид во различните професионални области и можностите за започнување и развој на кариера во ТИТАН Усје.
Со учеството на вакви настани, продолжуваме да ја поддржуваме соработката меѓу академската заедница и индустријата и да придонесуваме кон развојот на идните генерации професионалци.

