ТИТАН Усје на четвртата дигитална конференција на АмЧам – технологии за иднината на индустријата

24.11.2026

На 24 ноември, ТИТАН Усје учествуваше на четвртата дигитална конференција во организација на Американската стопанска комора (АмЧам), која се одржа во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, под мотото „Powering the Next Generation of Industries“.

Конференцијата обедини бизнис лидери, претставници на индустријата и експерти од областа на технологијата, со цел размена на искуства и перспективи за улогата на напредните технологии и дигиталната инфраструктура во обликувањето на иднината на индустрискиот и економскиот развој.

Љупчо Донев, технички директор на ТИТАН Усје, учествуваше на панел-дискусијата „Building the Infrastructure for the Digital Economy“, заедно со Антонис Икономоу, директор за комерцијално работење со компании во Microsoft, Николаос Контониколас, директор за дигитална технологија и операции во Групација ТИТАН, и Герасимос Воукелатос, менаџер за маркетинг на производи во сегментот на готов бетон во Групација ТИТАН.

Во рамките на панел-дискусијата се разговараше за значењето на центрите за податоци, дигиталната инфраструктура и новите технологии во унапредувањето на продуктивноста, оперативната ефикасност и конкурентноста на компаниите.

Посебен акцент беше ставен на примената на напредната роботика и технологијата со дронови во ТИТАН Усје, како и нивната улога во унапредувањето на безбедноста при работа, оперативната ефикасност и модернизацијата на индустриските процеси.

Преку континуирано инвестирање во иновации, дигитализација и современи технолошки решенија, ТИТАН Усје ја потврдува својата посветеност кон оперативната извонредност, одржливиот развој и градењето на поконкурентна, поефикасна и технолошки напредна индустрија.