ТИТАН Усје со признание „Најпосакуван работодавач“

18.9.2026

ТИТАН Усје го доби беџот „Најпосакуван работодавач“, признание кое ја одразува позитивната перцепција на компанијата како место за работа и развој.

Признанието е резултат на истражувањето „Најпосакуван работодавач“, спроведено од Alma Career, кое ја мери спонтаната препознатливост и перцепцијата на работодавачите кај јавноста и потенцијалните кандидати. Во истражувањето, спроведено во Македонија во периодот од април 2025 до април 2026 година, беа собрани повеќе од 27.000 гласови.

За нас, ова признание претставува уште една потврда дека континуираната инвестиција во нашите луѓе, безбедна и инклузивна работна средина, професионален развој, меѓусебна доверба и силна корпоративна култура е препознаена и надвор од компанијата.Во ТИТАН Усје веруваме дека долгорочниот успех започнува со луѓето.

Затоа продолжуваме да создаваме работна средина во која секој вработен има можност да придонесува, да учи, да се развива и да биде дел од заедничкиот успех.Ова признание им припаѓа на сите наши колеги кои секојдневно ја градат културата на ТИТАН Усје и ја прават нашата компанија посакувано место за работа.Горди сме на признанието, а уште повеќе на луѓето кои стојат зад него.