ТИТАН Усје го одбележа завршувањето на втората година од програмата за обука за 3Д печатење, реализирана во рамките на „Иноваториум – клуб за напредни знаења и вештини“.
Преку обуките, околу 500 ученици од основните училишта имаа можност да се запознаат со 3Д печатењето, роботиката и основните инженерски концепти преку креативност, експериментирање и практична работа.
Во учебната 2025/2026 година во програмата учествуваа основните училишта „Александар Македонски“, „Блаже Конески“, „Лазо Ангеловски“, „Љубен Лапе“, „Браќа Миладиновци“, „Гоце Делчев“, „Димитар Македонски“ и „Ѓорѓија Пулевски“.
Им благодариме на Општина Аеродром, градоначалникот, Технолошко-металуршкиот факултет, директорите, наставниците и сите партнери за поддршката и придонесот во успешната реализација на програмата.
За ТИТАН Усје, оваа иницијатива претставува инвестиција во знаењето, љубопитноста и потенцијалот на младите генерации.

