ТИТАН Усје ја поддржа меѓународната студентска конференција Science@FEEIT

12.5.2026

ТИТАН Усје го поддржа годинашното издание на Science@FEEIT, меѓународен студентски конгрес што ги поврзува младите инженери со академската заедница, бизнис-секторот и индустријата.

Како компанија што повеќе од 70 години е дел од индустрискиот развој на земјата, ТИТАН Усје верува дека иднината на инженерството се гради преку знаење, иновации, практично искуство и силна соработка меѓу компаниите и образовните институции.

Поддршката на Science@FEEIT е дел од нашата континуирана посветеност на младите таленти, техничкото образование и развојот на нови генерации инженери подготвени да одговорат на предизвиците на современата индустрија.