Тренинг за инспекциски надзор во животна средина во УСЈЕ

16.4.2024

УСЈЕ беше домаќин наТренинг за инспекциски надзор во животната средина заДржавниот инспектората на кој имаше презентација за работењето на инсталацијата од страна на одделот за животна средина, поздравно обраќање на новиот Главен извршен директор, Константинос Николаоу како и обраќање на претставници од Центар за климатски промени (ЦКП) и УНДП.

Тренингот го организираше Центарот за климатски промени ЦКП, во рамките на проектот „Справување со загадување на воздухот“, кој е дел од Програмската рамка на УНДП, и го имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица.

Од страна на ДИЖС тренингот го спроведоа Дарко Блинков, генерален инспектор за животна средина и Мите Начев, Државен инспектор за животна средина-Скопски регион, а истиот им овозможи на учесниците да се запознаат со начинот на развивање на стандардна оперативна процедура за инспекција, подготовка на месечни и годишни планови за работа, како и самата инспекциска постапка. На настанот, Наташа Бакреска, Менаџер за животна средина во УСЈЕ ги презентираше нашите стратегиски цели за декарбонизација вклучувајќи употреба на алтернативни горива во цементната индустрија и циркуларна економија.

На крајот на настанот, учесниците предводени од нашиот Технички директор, Гоце Цветкоски како и Менаџерот за производство Љупчо Дончев имаа можност за обиколка низ фабриката за да се запознаат со нашиот процес на производство. На ова им претходеше кратка обука од областа на безбедност и здравје при работа согласно процедурите за безбедност за посетители.