УСЈЕ донира 50.000 евра за набавка на медицинска опрема

17.3.2020

Цементарница УСЈЕ АД му донира на Министерството за здравство 50.000 евра за набавка на медицинска опрема.

Цементарница УСЈЕ АД му донира на Министерството за здравство 50.000 евра за набавка на медицинска опрема. Со средствата ќе биде набавена медицинска опрема која по консултација со стручните тимови од Министерството за здравство во моментов е најнеоходна во активностите поврзани со справувањето со вирусот Ковид 19. Како општествено одговорна компанија во овие деликатни времиња УСЈЕ понуди помош преку донација да се набави опрема која на медицинскиот персонал ќе му овозможи непречено и безбедно да работи и да ги извршува своите задачи во услови на пандемија, бидејќи јавното здравје е наша заедничка одговорност.

Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа општеството, УСЈЕ ја понуди помошта пред релевантните институции со кои е во постојана комуникација, бидејќи повеќе од јасно е дека од исклучителна важност е сите да се вклучат и да дадат поддшка и помош во оној дел во кој надлежните институции сметаат дека во моментов е најпотребно.

Во рамките на компанијата, УСЈЕ ги презема сите потребни мерки за заштита од натамошно ширење на Ковид 19, а во целост ги имплементира и сите досегашни мерки што ги донесе Владата. И во следниот период остануваме конструктивен партнер на заедницата во напорите за ограничување на пандемијата и намалување на несаканите последици по здравјето на луѓето.