УСЈЕ учесник на Денови за кариера и Саем за вработување

18.4.2024

Како активен партнер на заедницата, Цементарница УСЈЕ континуирано иницира, спроведува и поддржува различни проекти поврзани со развој на малдите. Фокусот во овој сегмент е ставен на унапредување на процесот на едукација на младите, подобрување на нивните вештини и стекнување практично искуство. Оваа година УСЈЕ успешно се претстави на настани поврзани со кариерен развој и саем за вработување. На овие настани, нашиот тим ја презентираше нашата култура за иновирање, посветеноста на извонредност во работењето и посветеноста на градењето таленти. Преку разговори, информативни презентации и интерактивни активности, нашиот тим ги запозна присутните со нашата цел и вредности.

Членовите на нашиот тим имаа дискусии со потенцијални кандидати, споделувајќи информации за нашата компанија, можностите за кариера и предизвикувачки проекти на кои работиме. Нашите промотивни материјали привлекоа голем број посетители. Успешно го зајакнавме присуството на нашиот бренд и оставивме траен впечаток на присутните. За време на настаните, идентификувавме неколку перспективни кандидати чии вештини и искуства се тесно усогласени со нашите барања. Врските кои ги воспоставивме на Саемите за вработување поставија темел за потенцијални идни соработки и проширување на нашиот тим. Покрај презентирањето на нашите можности за вработување и пракса, имавме можност да воспоставиме врски и со други компании, професионалци во индустријата и засегнати страни, поттикнувајќи вредни односи и партнерства.