УСЈЕ учествуваше на Семинарот за лидество: Млади менаџери и бизнис лидери

02.3.2022

Цементарница УСЈЕ АД Скопје, Групација Титан ја поддржа Програмата за млади менаџери и бизнис лидери организирана од Советот на странски инвеститори и под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски. Мисијата на оваа програма е да им обезбеди на 30 млади дипломирани студенти од Северна Македонија конкурентни вештини и знаења преку серија обуки за лидерство, што ќе ги доведе до нови професионални предизвици да го развијат нивниот капацитет за справување со глобалните предизвици, меѓународната конкуренција и културната и религиозна различност.

Гоце Цветкоски, Технички директор на Цементарница Усје, учествуваше на првиот почетен состанок во рамките на Програмата за млади менаџери и бизнис лидери, каде што ја презентираше нашата компанија Цементарница УСЈЕ и Групацијата ТИТАН, нејзината историја, корпоративните вредности, производите и приоритетите, фокусирајќи се на заложбите на Титан за ангажираност на  вработените.