Ученици од СУГС „Здравко Цветковски“ во посета на ТИТАН Усје во рамките на „Социјален ден“

29.4.2026

ТИТАН Усје беше домаќин на пет ученици од СУГС „Здравко Цветковски“ во рамките на проектот „Социјален ден“, реализиран во соработка со Erasmus+ и Youth Can.

За време на посетата, учениците имаа можност да се запознаат со работењето на компанијата и да добијат практичен увид во областите одржливост, безбедност, комуникации и соработка со заедницата.

Проектот им овозможува на младите непосредно да го доживеат работното опкружување, да учат преку директна интеракција и подобро да се запознаат со различни професионални можности.

Им благодариме на Youth Can, Erasmus+ и на учениците од СУГС „Здравко Цветковски“ за учеството во ова инспиративно искуство.