Цементаријада 2018- организирана од Цементарница УСЈЕ

10.5.2018

Оваа година Цементарница УСЈЕ беше домаќин на спортските игри од 10-13 мај во Струга, кои традиционално се одржуваат секоја година. Освен Цементарница УСЈЕ, беа присутни и други цементарници од регионот со околу 200 учесници: Цементарница Лукавац (Босна и Херцеговина), Холцим Поповац (Србија), Лафарж Беочин (Србија) и ТИТАН Цементарница Косјериќ (Србија). Учесниците се натпреваруваа во неколку спортови како што се: мал фудбал, ракомет, кошарка, пинг-понг, пикадо, стрелаштво, приболов и шах.

Тимот на Цементарница УСЈЕ освои пехари за:

1во место во пикадо (жени, екипно)
1во место во стрлаштво (жени, екипно)
2ро место во мал фудбал (мажи, екипно)
3то место во пикадо (мажи, екипно)
3то место во пинг-понг (мажи, екипно)
Цементарница УСЈЕ секогаш е посветена на поттикнување спортски активности кои го јакнат тимскиот дух на вработените.