Цементарница УСЈЕ e добитник на признание за Предводник на целите за одржлив развој

23.6.2021

Цементарница УСЈЕ и оваа година е добитник на признание за Предводник на целите за одржлив развој. Нашата компанија своите најдобри практики ги претстави поврзувајќи ги со SDG целите: Цел 3: Добро здравје и благосостојба, Цел 4: Квалитетно образование и Цел: 13 Климатски промени. Притоа УСЈЕ презентираше на кој начин целите за одржлив развој се имплементирани во работењето и делувањето на компанијата и како активностите што ги преземаме придонесуваат за исполнување на наведените цели.

На церемонијата за доделување на наградите почесно се обратија заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, г-дин Фатмир Битиќи, претставникот на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Росана Дуџак и извршната директорка на Конект, г-а Никица Кусиникова.

Наградите за одржлив развој во нашата земја се доделуваат по втор пат, во партнерство на  Мрежата на Глобалниот Договор на ОН и Конект. Цементарница УСЈЕ АД Скопје на минатото  доделување беше добитник на награда како компанија Предводник на целите за одржлив развој.