Цементарница УСЈЕ АД Скопје додели стипендиja за постдипломски студии по МБА

20.7.2010

Андријана Шандевска е овогодишниот добитник на стипендија за постдипломски студии по МБА на Бизнис Факултетот АЛБА во Атина која ја доделува Цементарница УСЈЕ АД Скопје секоја година. Со стипендијата, овогодишниот добитник добива можност да се здобие со професионално знаење и вештини на овој престижен факултет кој е специјализиран за постдипломски студии по менаџмент и бизнис-администрација.

Стипендистката Андријана Шандевска вели дека оваа стипендија за неa претставува животна шанса за здобивање на напредно знаење од областа на менаџментот и бизнис администрацијата со која ќе ги усоврши своите способности и која понатаму ќе го трасира патот на нејзината кариера.

Досега околу 13 постдипломци го продолжија своето образование на овој реномиран факултет со стипендија доделена од Цементарница УСЈЕ АД Скопје.
Годишната програма за доделување МБА стипендии за дипломирани студенти е една од програмите на Цементарница УСЈЕ АД Скопје за поддршка и унапредување на образованието во земјата.