Цементарница УСЈЕ за најмладите

05.10.2022

Водејќи се од својата определба како добар сосед и општествено одговорна компанија, Цементарница УСЈЕ овој пат излезе во пресрет на потребите на локалната Општина Кисела Вода и донираше опрема, маси и столчиња за деца за опремување на простор за детска градинка во населбата Усје која ќе започне со работа од наредната година.

Исто така и голем број на илустративни книги беа дел од оваа соработка кои ќе послужат за збогатување на знаењето на дечињата кои ќе ја посетуваат градинката.