Цементарница УСЈЕ на Саем за Вработување и кариера БЕСТ

09.4.2012

Од 9 до 11 април 2012 на Факултетот за електротехника и информациски технологии се одржува 8-миот по ред саем за вработување и кариера JobFair. Саемот е организиран од БЕСТ - Борд на Европски Студенти по Технологија- Скопје.

Цементарница УСЈЕ како работодавач учествува на саемот, со цел да им овозможи на студентите да стапат во директен контакт со нашата компанија, да научат повеќе за Усје и за идните можности за вработување.

Овој настан цели кон развивање на младите интелектуалци и обезбедување на практично искуство за нив. Ваквиот концепт е тесно поврзан со нашата цел да придонесеме кон развивањето на младите инжењери во земјата. Ова го правиме преку унапредување на нивните знаења и практични вештини со овозможување на практична работа, како и доделување стипендии за школување на домашни и меѓународни универзитети.