Цементарница УСЈЕ член на Клубот на одговорни бизниси

19.9.2023

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ја потпиша својата заложба за Клубот на одговорни бизниси. Клубот на одговорни бизниси е платформа на водечки компании кои водат одржлив бизнис, обезбедувајќи развој на вработените, заедницата и општеството. Членството ги здружува бизнисите и заедниците нудејќи можности за колективно вклучување во одржливи акции. Цементарница УСЈЕ АД Скопје, заедно со 36 други компании-членки ja потпиша заложбата за силна посветеност на одржлив развој и усвојување на деловни практики кои се одликуваат со транспарентност, еколошка свест, инклузивност и почитување на заедниците во кои работиме и инвестираме.

Клубот на одговорни бизниси беше обновен под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, во рамките на проектот со УСАИД Северна Македонија имплементиран од Конект во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската комора на северозападна Македонија и АмЧам. Северна Македонија.