ЈАВНА РАСПРАВА ЗА УПОТРЕБА НА АЛТЕРНАТИВНИ ГОРИВА ВО ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ

19.4.2012

Цементарница Усје А.Д Скопје, следејки ги позитивните светски искуства за употреба на обновливи извори на енергија, започна постапка за воведување на алтернативни горива во процесот на производство. Со овој проект како алтернативни горива се опфатени неопасни фракции на отпад и тоа: биомаса и RDF- гориво од фракции на комунален отпад кои поинаку не можат да се искористат.

Во рамки на на постапката за оцена на влијанието врз животната средина од прокетот: „Воведување на алтернативни горива во Цементарница УСЈЕ“, на 18.04.2012 година во 16,00 часот во просториите на Општина Кисела Вода се одржа јавна расправа за оваа иницијатива.

На јавната расправа присуствуваа претставници на државната и локална власт, највисокото раководство на Цементарница Усје А.Д. Скопје и претставник на независната консултантска фирма која ја изработи Студијата за оценка на влијание врз животната средина.

Овластениот експерт за оценка на влијание врз животната средина имаше презентација за проектот во која беа опишани законските барања, постапката за оцена на влијание врз животнат средина, планираните активности, како и очекувањата во рамки на овој проект.

Јавната расправа помина во позитивна атмосфера со повеќе дискусии од представниците на власта, академската јавност и локалното население.

Сите присутни се согласија дека реализацијата на овој проект ќе има позитивно влијание и ќе имплицира воспоставување на одржлив систем за собирање и третман на целните отпадни фракции, искористување на нивниот енергетиски потенцијал, како и намалена потрошувачка на фосилни горива и емисии на стакленички гасови (СО2).

Веруваме дека со употребата на алтернативни горива во производниот процес ќе дадеме дополнителен придонес во севкупниот одржлив развој на нашето општество.