Предновогодишни Донации

26.12.2011

Во пресрет на Новогодишните празници и радоста која тие ја носат кај децата, Цементарница УСЈЕ како дел од Проектот Партнерство со Училиштата направи неколку донации во училиштата и градинките во општина Кисела Вода. 
Ова е втора Нова Година како Цементарница УСЈЕ, за честитање на празниците на своите соработници набавува по 100 Новогодишни честитки изработени од децата и родителите при  основното училиште за деца со посебни потреби “Др. Златен Сремац“ – Скопје.  Средствата од оваа донација ќе бидат искористени за потребите на децата во ова основно училиште.

Традиционално, веќе трета година по ред, Цементарница УСЈЕ по повод Новогодишните празници опремува простори во градинките од општината со опрема за детски игралишта.  Во детската градинка “Синоличка – Весели Цветови“, дониравме детска куќичка, тобоган, автомобили и клацкалки, како и масички и клупи за цртање.  А децата не наградија со прекрасна приредба со песнички и игри, што за нас беше особено доживување.  Дел од атмосферата пренесуваме со следните фотографии...