Волонтерска акција на вработените за садење дрвца во населба УСЈЕ

25.11.2022

Вработените во Цементарница УСЈЕ беа дел од волонтерска акција за садење на дрвца на територија на Општина Кисела Вода. Повеќе од 40 вработени вклучувајќи го и менаџерскиот тим  придонесоа за пошумување и раззеленување на дел од населбата УСЈЕ кај новата градинка во која Цементарница УСЈЕ неодамна донираше и опрема.

Цементарница УСЈЕ редовно учествува и е дел од овие акции во остварувајќи бенефит за  локалната заедница.