Ден за Зазеленување на Околината

17.10.2009

Цементарница УСЈЕ на 17.10.2009 год. (сабота), за своите вработени и нивните семејства организираше Ден за Зазеленување на Околината. Фамилијарниот Ден за Зазеленување под мотото ЗАЕДНО ЗА ПРИРОДАТА имаше за цел подигнување на нивото на грижа за околината кај нашите вработени и нивните семејства, преку засадување дрвца во нашиот рудник за лапор, а воедно и јакнење на нашиот тимски дух преку заедничка активност. 

Околу 270 луѓе, вработени во Цементарница Усје, заедно со своите семејства и пријатели, жителите на околните куќи, како и вработените од неколку фирми кооператори на Усје, засадија околу 1000 дрвца во рудникот за лапор и пристапните патишта до рудникот, од типот Акација, смрека, јасен и бор. 

На зелените површини во близина на рудникот беше организирана забава, која вклучуваше и детско игралиште поставено под широки шатори. Повеќе од 50 деца и внуци на наши вработени се забавуваа, а им беа поделени и сликовници за заштита на природата. 

По завршување на активностите околу засадувањето, беше подготвена скара, па сите присутни ручаа заедно,

Ова беше прекрасна прилика да се направи нешто позитивно за природата, за подобрување на нашата блиска околина, а и за нас самите. Тоа претпладне, секој од нас засади 3-4 дрвца и даде свој придонес за Планетата. Истовремено, сите кои учествуваа во оваа заедничка активност, имаа можност и да се забавуваат и да разговараат со своите блиски, но и подалечни колеги, и да ги запознаат нивните семејства. 

УСЈЕ ќе продолжи во истата насока, ќе организира слични активности следната пролет и есен. Планираме нашиот фамилјарен Ден за Зазеленување на Околината да прерасне ви Отворен ден за Зазеленување, како би ги поттикнале и жителите од околината да учествуваат, па така би можеле заедно да насадиме многу и многу повеќе дрвца заедно.