Ден за комуникација во ТИТАН Усје

16.7.2026

Отворената и навремена комуникација е од суштинско значење за градење доверба, зајакнување на соработката и постигнување заеднички успех.

За време на последниот Ден за комуникација во ТИТАН Усје, главниот извршен директор, г. Костас Николау, заедно со членовите на Менаџмент тимот, им се обрати на вработените и ги презентираше најважните случувања од изминатиот период. Беа споделени најновите достигнувања на компанијата, тековните приоритети, како и нивните согледувања за очекувањата, предизвиците и можностите што претстојат.

На настанот беа претставени и некои од клучните тековни иницијативи на компанијата, меѓу кои програмата за обуки Leading Safety и проектот за роботска инспекција. Двете иницијативи ја потврдуваат континуираната посветеност на ТИТАН Усје кон зајакнување на безбедносната култура, поттикнување одговорно лидерство и унапредување на иновациите во сите сегменти од работењето.

Како дел од проектот за роботска инспекција, пред вработените беше претставено роботското куче кое ќе обезбедува поддршка при инспекциските активности во фабриката. Ова напредно технолошко решение покажува како иновациите можат да придонесат за побезбедни, поефикасни и посигурни инспекции во индустриска средина.

Денот за комуникација овозможи и отворен дијалог за резултатите на компанијата, тековните приоритети и претстојните активности, дополнително зајакнувајќи ја заедничката посветеност кон понатамошен развој, соработка и градење на иднината на ТИТАН Усје.