Ден со сите вработени и нивните семејства

21.9.2023

УСЈЕ организираше Ден со сите вработени и нивните семејства исполнет со различни активности. Ова беше можност да ги информираме семејствата за целите на компанијата, вредностите, културата и придонесот на сите вработени. Настанот понуди различни активности како што се: уметност и игри за децата, жива музика и забава, храна и освежување. Обезбедивме подароци со логото на компанијата за сите гости.

Цементарница УСЈЕ ги цени своите вработени и преку ваков настан има за цел да гради посилни врски помеѓу своите вработени.