Полуматурантите од Кисела Вода во посета на Цементарница УСЈЕ

21.5.2015

Полуматурантите од основните училишта во Кисела Вода во текот на месец мај имаа можност да ја посетат Цементарница УСЈЕ, да се запознаат со нашата компанија, нашиот производствен процес и начинот на работа.

Нашиот тим од инженери им го претстави производствениот процес на деветоодделенците од  основните училишта "Партенија Зографски", "Невена Георгиева –Дуња" и "Кузман Јосифовски – Питу" . Со нив, учениците имаа можност да поразговараат за сите прашања што ги интересираат, а кои можат да им помогнат во изборот на идната професија. Каков кадар е потребен за производната технологија? Што значи да се работи во една хемиска лабораторија? Како се контролира целокупниот процес на производство на цементот? Посетата беше финализирана со кус филм кој детално им ги прикажа процесите во погоните на фабриката.

Цементарница УСЈЕ како компанија чија стратегија за општествена одговорност е насочена кон поддршка на заедницата и на образованието има за цел со овие посети да ги поттикне учениците кои деновиве треба да ја направат одлуката за избор на средно училиште да изберат стручни технички училишта и насоки при запишување во средното образование.