Признание за најдобар рудар во 2010 за вработен во УСЈЕ

22.9.2010

Скопје, 27.08.2010

По повод 28 август – Денот на рударите, Министерството за економија организираше свеченост во Македонска Каменица на која беа промовирани најдобрите рудари во изминатата година.
Министерот за економија, г-дин Фатмир Бесими, им врачи признанија на 19 најдобри македонски рудари за постигнатите работни резултати во текот на целата измината година.
Г-дин Ацо Исаковски, ракувач со градежни машини во рудникот за лапор во Цементарница УСЈЕ АД Скопје беше еден од добитниците на ова признание кое лично му го врачи Министерот за економија.