ТИМОТ НА УСЈЕ НА СКОПСКИОТ WIZZ AIR МАРАТОН

02.10.2023

Повеќе од 35 вработени во Цементарница Усје учествуваа во тим билдинг трката на 5 километри која се оддржа во рамките  на Скопскиот Wizz Air маратон на 01 октомври 2023 година.

Сите вработени успешно го завршија маратонот и стигнаа до целта, остварувајќи солидни резултати. Целата оваа манифестација на која учествуваа преку 11.000 натпреварувачи беше одлична за подобрување на тимскиот дух и едно прекрасно искуство за членовите на нашиот тим.

 Како дел од својата посветеност кон вработените, Цементарница УСЈЕ секогаш се вклучува во голем број на активности кои го подобруваат физичкото и менталното здравје на вработените и придонесуваат за зајакнување на тимoт.