УСЈЕ дел од глобалната иницијатива „Час на планетата земја“

26.3.2022

Со намалување на потрошувачката на електрична енергија УСЈЕ заштедува над 5000 MWh

Традиционално и годинава УСЈЕ се приклучува на глобалната иницијатива „Часот на планетата земја“. Утре од 20:30 часот до 21:30 часот, заедно со другите глобални ентитети кои се дел од оваа акција, УСЈЕ ќе ги исклучи мелниците за цемент од електрично напојување. Само со исклучувањето на мелниците за еден час, компанијата заштедува електрична енергија потребна приближно за околу 20.000 светилки, со што придонесува за намалувањето на т.н. стакленички гасови во атмосферата, кои се посочуваат како еден од главните причинители на глобалното затоплување и климатските промени.

„Часот на планета земја“ која годинава се одвива под мотото „Шанса да ја обликуваме нашата иднина“, е иницијатива чија цел е подигнување на свеста за потребата од заедничка глобална акција за заштита на планетата Земја. Иако се работи за симболична иницијатива, сѐ повеќе компании, организации и институции се приклучуваат и преземаат конкретни чекори за намалување на глобалното затоплување.

Покрај приклучувањето на акцијата „Часот на планетата земја“, УСЈЕ во континуитет работи на унапредување на своите активности. УСЈЕ поседува интегрираната А еколошка дозвола која гарантира работење по највисоките ЕУ стандарди и 24-часовен независен мониторинг, а команијата постојано инвестира во нови технологии. Како резултат на овие процеси компанијата во 2021 година успеа да заштети 5076 MWh или 5 KWh по тон цемент, намалувајќи ги емисиите на јаглерод двооксид за 4640 тони во споредба со претходната година.

„Оваа симболична акција е обид да се создаде широка основа од што повеќе чинители кои во континуитет ќе работат во насока на унапредување на своето работење и намалување на влијанието врз животната средина. Ова е особено важен аспект, бидејќи позитивните примери веќе докажаа дека преку примена на новите технологии, иновативните решенија и одговорното работење, индустриите стануваат важен дел во сиџирот за подобрување на влијанието врз животната средина во модерното живеење. Токму нашата индустрија нуди безбедно и трајно решение за одредени сегменти кои негативно влијаат врз животната средина. Оттука, заедничката акција и тесна соработка е од исклучително значење“, истакна Борис Хрисафов, главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ.

УСЈЕ како општествено одговорна компанија сите свои ативности ги извршува преку транспаретен процес, во постојана и отворена комуникација со сите свои партнери. Во земјава, УСЈЕ е прва компанија која јавно на неделно ниво ги објавува резултатите од мерењата на емисиите. Имено, сите медиуми, невладини организации и надлежни институции, добиваат неделен извештај од мерењата, а истите се објавуваат и на интернет стрницата на компанијата www.usje.mk. Покрај тоа, во УСЈЕ се прават и редовни компаративни мерења од страна на акредитирани компании.

УСЈЕ е член на договорот „Глобал Компакт“на Обединетите Нации. Со потпишување на овој договор, компанијата се обврза континуирано да ги почитува десетте клучни принципи за добро корпоративно управување, меѓу кои е и заштитата на животната средина. Дополнително, УСЈЕ постојано поттикнува и спроведува бројни општествено одговорни иницијативи во областа на животната средина и ќе продолжи во таа насока.