УСЈЕ на Саем за вработување и кариера БЕСТ

02.5.2013

УСЈЕ учествуваше на 9. Саем за вработување и кариера кој се одржа од 22. до 24. април 2013 г. на Факултетот за електротехника и информациски технологии во организирација на БЕСТ - Борд на Европски Студенти по Технологија- Скопје.

Цементарница УСЈЕ, како претпочитуван работодавач, има цел да им овозможи на студентите да стапат во директен контакт со нашите луѓе и да научат повеќе за УСЈЕ и за идните можности за вработување.

Овој настан цели кон помагање во можностите за вработување на младите образувани луѓе и обезбедување на практично искуство за нив.

Ваквиот концепт е тесно поврзан со нашата цел да придонесеме кон развивањето на младите инжењери во земјата преку унапредување на нивните знаења и практични вештини со овозможување на практична работа, како и доделување стипендии за школување на домашни и меѓународни универзитети.