УСЈЕ се приклучи на глобалната иницијатива „Час на планетата земја 2023“

27.3.2023

Повеќе од една деценија, Цементарница УСЈЕ е дел од глобалната иницијатива „Часот на планетата земја“. На 25 март 2023 година, од 20:30 часот до 21:30 часот, УСЈЕ ги исклучи мелниците за цемент од електрично напојување, со што заштеди 3 MWh електрична енергија. На овој начин УСЈЕ директно придонесе за намалување на стакленичките гасови во атмосферата, кои се и главна причина за глобалното затоплување и климатските промени. Инаку, со исклучување на мелниците за цемент компанијат заштеди електрична енегија која просечно ја задоволува потрошувачката на околу 1000 домови или околу 20.000 улични светилки.

Во годинешната иницијатива „Часот на планетата земја“ која се одвива под мотото „Исклучи – дај  час на планетата“ покрај исклучување на мелницата за цемент, која е еден од најголемите потрошувачи на електрична енегија во УСЈЕ, компанијата ги исклучи од електрично напојување и другите погони. Истовремено, УСЈЕ ги повика своите вработени и изведувачи да се приклучат кон „Часот на планетата земја“ во своите домови и заедно со своите семејства да дадат поголема поддршка на оваа значајна глобална иницијатива.